Мурињо е аналитичар на Светското првенство во Русија за „Раша Тудеј“, Португалецот анализирајќи ја групата во која играат Србија, Бразил, Швајцарија и Костарика, имаше интересна изјава.
Тој е импресиониран од играта на Србите на дуелот со Костарика, но сака да испаднат уште во групната фаза.
„Србија изгледаше добро. Реков и во првата прогноза дека не само што мислам дека Србија ќе испадне по првиот круг, туку и сакам да се случи тоа. Тоа се две различни работи. Причината е едноставна, сакам Немања Матиќ да оди на одмор“, вели Мурињо на шала, а потоа продолжи сериозно.
„И претходно знаев дека имаат неколку одлични играчи. Силни се, зрели, сакаат успех. Некои од нив ги познавам и знам каков дух имаат. Многу сум зборувал со Матиќ и знам како се чувствуваат, колку им е важно“.