Алексис Санчез минатата недела го комплетираше трансферот на Олд Трафорд и веќе го имаше своето деби за „Ѓаволите“. Чилеанецот помогна со асистенција во победата на Јеовил во ФА Купот, средба на која беше избран за играч на натпреварот.
Фудбалерите на Манчестер јунајтед се импресионирани од популарниот „Ел Нињо Маравиља“, а исто и Жозе Мурињо, кој упати многу пофални зборови за новото засилување.
Медиумите од „Островото“ сега пишуваат дека Португалецот имал специјално барање од Чилеанецот и наредил шкафчето во соблекувалната на Алексис Санчез да биде помеѓу младите Маркус Рашфорд и Џеси Лингард.
Жозе Мурињо сака Рашфрод и Лингард од прва рака да се уверат во работната навика на Алексис Санчез и да учат од неговото искуството. Во исто време „Специјалниот“ го охрабрува Чилеанецот да им биде ментор на младите Англичани.