Жозе Мурињо сака
на Олд Трафорд да пристигне нов фудбалер од средниот ред и подолго време се
шпекулира со двајца играчи, Ерик Даер од Тотенхем и Немања Матиќ од Челси.
Но во последно
време, медиумите го споменуваат и името на Марко Верати.
Италијанецот изминативе
неколку недели силно се поврзуваше со Барселона, но ПСЖ не сака да слушне за
продажба.
Наместо промена
на средината, Марко Верати го промени агентот и Мино Рајола сега е човекот кој
се грижи за неговата кариера.
Контроверзниот
агент отвара нови опции и една од нив е Манчестер јунајтед.
Медиумите од
„Островото“ пренесуваат дека првиот оперативец на клубот, Ед Вудворд веќе разговара
со ПСЖ.
„Светците“ се
сложиле на продажба, но под услов Антони Марсијал да биде вклучен во зделката.
Французинот не
ужива голема доверба кај Жозе Мурињо, но Манчестер јунајтед во моментов не сака
да се откаже од него.
Преговорите ќе
продолжат во следниот период и „Црвените Ѓаволи“ се убедени дека со помош на
Мино Рајола ќе можат да пронајдат заеднички јазик.