Шампионот лошо ја
започна новата сезона, беше поразен од Арсенал во Комјунити Шилд, а потоа Челси
загуби дома од Барнли во воведното коло од Премиерлигата.
Но ова не е
единствениот проблем за Антонио Конте, Италијанецот не е задоволен од она што
клубот го сработи на трансфер пазарот, особено од продажбата на Немања Матиќ на
Манчестер јунајтед, за која тој не дал зелено светло.
Па ова беше
причина Жозе Мурињо уште сега да ја започне психолошката војна.
Португалецот
смета дека Антонио Конте не може да се вади на Немања Матиќ за неуспехот,
бидејќи веќе го донесе Тимуе Бакајоко а се обидува да го купи и Дени
Дринквотер.
„Велат дека Челси
останал без важен играч од средниот ред, но кога ќе загубите еден и ќе ги
купите Бакајоко и Дринквотер, во што е проблемот?” – вели менаџерот на Манчестер јунајтед.
„Проблем е кога
продавате а не купувате. Кога ќе продадете и ќе купите, во што е проблемот?
Веројатно сте уште посилен. Мислам дека со финансиската моќ која ја имаат
клубовите, секој топ тим од Премиерлигата има потенцијал да биде уште посилен и
да се бори за сè”.
Манчестер
јунајтед се прикажа во одлично издание на стартот и со 4-0 славеше над Вест
Хем, но Жозе Мурињо вели дека тие не се фаворити за титулата и одново ја
префрли топката кај Антонио Конте и Челси.
„Според мене,
шампионот секогаш е фаворит. Има одредена причина поради која тие станале
шампиони. Тоа не значи дека ќе ја освоите титулата, но мислам дека шампионот
секогаш е фаворит”.
„Ние не сме
фаворити, немаме дрим-тим. Ние сме само тим кој има повеќе самодоверба во
споредба со минатата сезона и со повеќе време да работиме заедно”.