Мурињо со коментар за мечот меѓу Манчестер јунајтед и Барселона

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед сезоната ја почна со Мурињо на клупата, но Португалецот не стигна до денешниот меч против Барселона, тимот сега го предводи Оле Гунар Солскјер.

Оваа сезона Јунајтед оствари две големи победи против некои од главните фаворити за трофејот во Лигата на шампионите. Под водство на Мурињо го победи Јувентус во Торино, а со Оле го елиминираше ПСЖ со триумф во Париз. 

Сега пред Јунајтед е уште еден исклучително голем предизвик. Мурињо не гледа причина зошто неговиот поранешен клуб да не ја победи и Барселона, иако предупредува дека таа нема да го потцени Манчестер.

Betadria: Манчестер јунајтед – Барселона 4,00  3,61  2,07

„Јунајтед оваа сезона можеше да ги победи Јувентус и ПСЖ, па зошто тоа да не го направи и против Барселона?“, вели Жозе Мурињо.

„Но Барса ќе биде свесна за тоа, ќе влезе со почит кон Јунајтед и Олд Трафорд, а Меси ќе сака да остави свој белег на тој мистичен стадион“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×