Мурињо со коментар за баражот за мундијалот во Катар: Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција

by
1 минути читање

Во четврток
започнува разврската за последните места од Европа на мундијалот во Катар.
Македонија за прв пат ќе учествува во бараж, „црвено-жолтите“ во четврток ќе
гостуваат во Палермо против Италија.

Во исто време,
Португалија ќе ја пречека Турција во Порто, победниците од овие два дуели ќе се
борат за билет за СП 2022.

Многумина во
финале уште сега гледаат пресметка помеѓу Италија и Португалија, но Жозе Мурињо
предупредува дека не треба да се отпишуваат Македонија и Турција.

„Италија или Португалија на Светско првенство? Немојте предвреме да ги отпишувате Македонија
и Турција“
– вели „специјалниот“.

„Не можете да
очекувате дека ќе бидам неутрален. Ја обожавам Италија, благодарен сум и на
Италија за сите прекрасни години во Интер и сега во Рома, но сo сета сила ќе
кажам „Форца Португалија! Да обезбедиме настап на СП!“ 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани