Мурињо: Шо играше добро… но јас ги носев сите одлуки место него

by
2 минути читање

За левиот бек
оваа сезона често нема место ниту на клупата, а Жозе Мурињо ова го образложи со остри критики дека играчот не се залага доволно на тренинзите и заостанува многу
зад другите играчи.

Во
понеделникот Жозе Мурињо и Лук Шо имаа кризен состанок, па Англичанецот се најде во
составот за дуелот со Евертон.

Тој вчера доби
шанса во завршните 25 минути откако Ешли Јанг, кој принудно играше како лев
бек, се повреди.

Лук Шо имаше солидна партија против „Карамелите“ и беше
играчот кој го изнуди пеналот во завршните мигови, по неговиот шут Ешли Вилијамс
играше со рака и судијата покажа на белата точка.

Жозе Мурињо по
крајот на натпреварот истакна дека Лук Шо имал добри перформанси само поради
тоа што тој постојано му дофрлал што да прави.

„Ова веќе му го
кажав и на него, имаше добро перформанси, но беше неговото тело со мојот мозок
– рече „Специјалниот“ на средбата
со новинарите.

„Играше пред мене
и јас ја носев секоја одлука за него. Можевме да комуницираме бидејќи бевме
многу, многу блиску
.

„Јас размислував
место него, јас ја носев секоја одлука место него. На ова ниво, потребно ни е
неговото тело, неговите фантастични физички квалитети и навистина добрите
технички способности кои ги има. Но не може да игра со моето разбирање за играта
.

„Тој самиот мора
да ја разбере играта, мора да мисли, мора да го забрза процесот
.

„Има 21 година,
доволно е стар за подобро да ја разбере играта
.

„Да, неговиот
придонес беше добар, го подобри тимот. Ќе има позитивно чуство по денешниот
натпревар бидејќи неговите перформанси беа позитивни
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани