522
„Специјалниот“ ќе има голем буџет за засилување на тимот во втората сезона на кормилото на „Црвените Ѓаволи“.
Според денешното издание на МЕН, извршниот потпретседател Ед Вудворд дал зелезно светло за трансфер плановите и одобрил буџет од 250 милиони евра.
Со овие пари, Жозе Мурињо сака да донесе четири нови имиња.
Прва цел е Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, а на листата со желби се наоѓаат и Мајкл Кин од Барнли и Ерик Даер од Тотенхем.
Андреа Белоти од Торино исто така е желба, а како негова алтернатива се посочува Ромелу Лукаку од Евертон.