На вчерашниот меч против Каљари, Дибала доби силен удар во коленото и уште во текот на првиот дел го напушти теренот поради повреда.
Дибала е најдобриот играч на Рома и Мурињо е свесен дека неговото отсуство може да биде особено тешко во овој период.
„Јас ги слушам моите фудбалери. Пауло не е оптимист, а тоа значи дека и јас не сум оптимист“, вели Мурињо.
„Јасно е дека ќе мора да почекаме неколку дена за да ги видиме резултатите од тестовите, но јас верувам во искуството на фудбалерот кој добро си го знае телото. Пауло не е оптимист, па и јас не сум. Докторите сакаат да зборуваат само кога ќе ги направат сите проверки“.
Мурињо има неколку важни фудбалери во аут поради повреда, покрај Дибала, повредени се уште и Смолинг, Љоренте, Кумбула, Пелегрини, Ренато Санчез и Абрахам.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.