Мурињо се уште жали по напаѓачот кој го продаде Ван Гал: Сега со леснотија ќе дадеше 20 погодоци

by
2 минути читање

Португалецот
неодамна се пожали од трансфер политиката на Луј ван Гал и истакна дека има
играчи кои тој никогаш не би продал и играчи кои тој никогаш не би ги купил.

На листата на
Жозе Мурињо беа Дани Велбек, Анхел Ди Марија и Хавиер Ернандез.

Стратегот сега
вели дека токму Мексиканецот им недостасува оваа сезона и верува дека Чичарито
ќе бил од голема корист против екипите кои постојано се бранат на Олд Трафорд.

„Проблем не е
квалитетот, проблем е среќата
– вели Мурињо. „Многу голмани станаа феноменални на Олд Трафорд.

„Имаме играчи на кои
головите не им се јака страна. Тие се добри играчи, креативни, но немаат
убинствен инстикт
.

„Ќе ви дадам
прост пример. На начинот на кој играме на Олд Трафорд, како доминираме над
противниците и играме во нивниот шеснаесетник, Чичарито со леснотија ќе
постигнеше 20 погодоци
.

„Дури и да
влегуваше од клупата и да ги добиваше последните 10 или 20 минути, тој ќе
постигнеше 20 погодоци
.

„Тој е момче кое
топката природно го влече, ќе се обди тука, ќе отскокне таму, бум гол на
Чичарито. Голманот ќе одбрани тој прв ќе стигне до одбиената топка, бум гол.
Нафрлена топка, тој проценува да оди на првата статива, бум гол со глава
.

„Чичарито е тип
на играч кој постигнува 10 или 15 погодоци и ви носи 10 или 15 бодови повеќе
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани