1,4K
Манчестер
јунајтед може да се пофали дека имаше солидни резултати на трансфер пазарот ова
лето, се засили со Ромелу Лукаку, Немања Матиќ и Виктор Линделоф, кои заедно ги
ангажираше за вкупна сума од 146 милиони фунти.
Пред да се спушти
завесата на трансфер пазарот ова лето во Европа, на Португалецот очајно му
треба офанзивно крило, но тоа нема да биде ниту Бејл ниту Перишиќ, па така тој
има пет можни решенија.
Првата опција е Лукас
Моура (ПСЖ), втората Осман Дембеле (Борусија Дортмунд), па Томас Лемар (Монако),
Ријад Марез (Лестер) и Јаник Караско (Атлетико Мадрид).