Ако се држи до тоа што го вели тогаш би требало да видиме еден нов Мурињо кога ќе добие шанса да се врати на фудбалската сцена.
„Учам од себеси секој ден. Со секоја грешка што ќе ја направиш учиш многу. Исто така учиш многу и од грешките кои другите ги прават“, вели Мурињо во дел од интервјуто за „Скај Спортс“.
„Секогаш ќе правиш грешки. Поентата е да не ги правиш истите грешки. Но грешки ќе доаѓаат постојано“.
„Победите се многу важни. Тоа се работи кои стојат вечно во твојата историја и историјата на фудбалот, но понекогаш учиш повеќе од тешките периоди, и јас го имам тоа чувство.
Мурињо планира да се промени, да се прилагоди на новите текови, но вели дека идентитетот никогаш не се губи.
„Не можете да го изгубите вашиот идентитет, вие сте кои сте и искрено јас сум многу среќен со тоа кој сум“.
„Но пред мене е нов период, доаѓаат нови предизвици. Мислам дека има многу предизвици пред мене и искрено кон нив гледам со поголем ентузијазам од претходно“.
Мурињо го променил и својот стручен штаб.
„Читам, студирам и продуцирам работи. Анализирам различни спортови. Го запознав мојот иден стручен штаб бидејќи тие ќе бидат поразлични од претходно. Мислам дека дојде време за неколку промени“.
„Ништо лично се разбира. Се е во корелација со знаењето, мотивацијата, мислам дека беше добар момент да се направи тоа“.
„Ги запознав, зборувавме, анализиравме, направивме документација која ќе биде база за следната работа, постојано размислуваме“.
Мурињо користи мисла од Чарлс Дарвин за да ја истакне промената во себе.
„Многу е важно да учите. Сакам да ги читам луѓето од различни периоди, различни генерации и неодамна мој пријател ми кажа за една мисла од Чарлс Дарвин. Тој вели: „Не преживуваат најсилните, ниту најинтелегентните. Преживуваат оние кои знаат најдобро да се прилагодат на промените“.
„Понекогаш промената не е секогаш за подобро, не секогаш, понекогаш се менуваме за лошо, но важното е да се разбере промената и да се адаптирате на неа, па би рекол дека размислувам на тоа“.
„Не е доволно да бидете еден од најсилните. Не е доволно да бидете еден од најдбрите. Не е доволно да бидете еден од најинтелегентните, многу е важно, дури и многу поважно да можете да ги разбирате работите и да се адаптирате на нив“.