Мурињо саркастично: Би сакал да најдам работа како Солшер, да зборувам за иднината, а не за сегашноста

by
1 минути читање

Солшер откако стави потпис на перманентниот договор со Манчестер јунајтед има катастрофален учинок. На вчерашната емисија на „Скај Спортс“, Мурињо на посебен начин ја прокоментира работата на младиот стратег.

„Ќе се обидам да најдам работа каква што има Оле во моментов, а тоа е цело време да зборувам за иднината, а не за сегашноста“, вели Мурињо.

„Мислам дека тоа е одлична ситуација. Тој има тригодишен договор, и зборува за иднината и младите фудбалери“.

„И само на крајот од неговите пораки ќе спомне дека резултатите се важни. Мислам дека тоа е одлично да го правиш во гигантски клуб каков што е Манчестер јунајтед“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×