Мурињо сакал да се подготви за жешкото време во Скопје: Намерно трениравме во 16 часот, но…

by
2 минути читање

„Специјалниот“
имаше чест прв да разговара со медиумите откако Манчестер јунајтед и Реал
Мадрид денеска пристигнаа во Скопје за утрешната пресметка на „Филип Втори“.

Една од темите
беше и жешкото време, за кое медиумите од „Островото“ веќе алармираа.

Македонија е
зафатена од топл бран, со денови темпаратурите се 40 степени, а Жозе Мурињо
вели дека го имал ова на ум, па подготвил специјален режим за неговите играчи.

Португалецот ги закажал
тренинзите за 16 часот, но тоа не му било од корист бидејќи во Манчестер
врнело.

„Знаев дека
времето е вакво. Откако се вративме од турнејата во САД, решив во Манчестер да
тренираме во 16 часот за играчите да ја почуствуваат топлината
– вели Жозе Мурињо.

„Но врнеше секој
ден!

„Сигурно и на
Реал ќе му биде тешко, но тие повеќе се навикнати на ова, знам дека имаат
тренирано на топло
.

„Веројатно ќе има
пауза за освежување со вода. Но мора да се игра и да се ужива во овој
специјален момент. Нема многу вакви натпревари освен доколку не сте во Мадрид
или Барселона
.

„Ова е специјален
момент и треба да уживаме
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани