Мурињо сака Вертонген и Ериксен да го следат примерот на Алдервирелд, но…

by
1 минути читање

Откако Алдервирелд потпиша нов договор на Тотнем, останаа уште двајца големи играчи на овој клуб на кои договорот им истекува по крајот на сезоната, Јан Вертонген и Кристијан Ериксен.

Мурињо сака тие да го следат примерот на Алдервирелд, но свесен е дека тоа не зависи од него.

„Би сакал Јан да потпише нов договор, сакам и Кристија да потпише нов договор. Друго не можам да кажам“, вели Мурињо.

„Најважната работа во целата ситуација е онаа која ја кажа Тоби: „Не би можел да бидам посреќен на некое друго место“.

„Кога дојдов имаше тројца големи играчи кои можеа да заминат по крајот на сезоната, сега имаме двајца големи играчи кои можат да го направат тоа. Ќе бидат двајца, еден или нул. Не можам да ви го кажам тоа“.

„Многу сум среќен што не се тројца во таква ситуација, вчера беа тројца, но денеска се двајца“. 


БетАдриа викенд типови: Наполи е осум натпревари без пораз против Сасуоло

Можно е и ова да ти се допаѓа

×