Мурињо сака конкурент клуб кој ќе го мотивира, еден тренер не треба да стравува за работата

by
1 минути читање

Португалецот во моментов нема клуб откако во декември доби отказ од Манчестер јунајтед. Изминатиов период тој се поврзуваше со голем број на клубови но се уште нема ништо конкретно.

Жозе Мурињо вечерва уште еднаш најави дека посакува летоска да му се врати на фудбалот,  тој е во потрага на конкурентен клуб и првенство кое ќе го мотивира. 

„Не ми пречи тоа што сум далеку од фудбалските терени, имам време да мислам на други работи. Но искрено, би сакал да се вратам следната сезона. Одлучив да не превземам клуб сред сезона, сакам тоа да го сторам летоска и преферирам да биде конкурентен клуб и првенство кои ќе ме мотивираат“ – вели „специјалниот“.

Еден човек не треба да стравува за својата работа а тоа е селекторот на Португалија, Фернандо Сантош.

„Мојот пријател Фернандо не треба да се грижи, не сум заинтересиран за кормилото на Португалија во овој момент, па ни во следните неколку години. Да, би сакал да ја водам Португалија еден ден, но тоа ќе биде пред крајот на мојата кариера. Јас сум далеку од крајот на кариерата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×