Мурињо сака да донесе светски шампион кој ова лето требаше да биде прво засилување на Барса

by bojan
1 минути читање
Гидо Родригез

Медиумите од Турција објавија дека Фенербахче остварил контакт со Гидо Родригез, Аргентинецот е слободен играч откако му заврши договорот со Бетис.

Фенербахче има големи амбиции со Жозе Мурињо на кормилото и ова лето го реализираа најскапиот трансфер во својата историја откако одвоија околу 20 милиони евра за ангажман на Јусуф Ен Несири.

Последните информации велат дека „специјалниот“ сака во Истанбул да донесе уште едно квалитетно засилување.

Станува збор за Гидо Родригез, кој со Аргентина беше светски шампион на мундијалот во Катар.

Тој е слободен играч откако му заврши договорот со Бетис, и спортскиот директор на Фенербахче стапил во контакт со неговиот агент да опипа терен за реализирање на трансфер.

Гидо Родригез претходно се најавуваше како прво засилување на Барселона ова лето, се говорше дека двете страни имале вербален договор за двегодишна соработка, плус опција за додатни 12 месеци.

Сепак, Барселона до крајот на мај требаше да даде гаранции дека Гидо Родригез ќе биде регистриран, „каталонците“ не беа во можност да го сторат тоа, па Аргентинецот сега си бара друг клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани