Мурињо прв кој потрошил ЕДНА милијарда фунти на засилувања, но друг менаџер има позагрижувачки бројки

by
1 минути читање

„Специјалниот“ вечерва
ќе го предводи Манчестер јунајтед на „Филип Втори“ во пресметката со Реал
Мадрид за трофејот од Суперкупот на Европа.

Тој во Скопје
пристигнува како првиот менаџер кој во светот на фудбалот има потрошено над ЕДНА
милијарда фунти на засилувања или поточно 1,1 милијарда фунти.

Португалецот ја
надмина магичната бројка ова лето, откако издови 75 милиони фунти за Ромелу Лукаку,
40 милиони фунти за Немања Матиќ и 30 милиони фунти за Виктор Линделоф.

На Жозе Мурињо
за ова достигнување му беа потребни 17 години, кои ги помина на кормилото на
Порто, Интер, Реал Мадрид, Челси (два наврати) и сега Манчестер јунајтед.

Втор на листата е
Карло Анчелоти, кој за 22 години платил 970 милиони фунти за нови имиња.

Трет е Пеп
Гвардиола, и веројатно бројките на Шпанецот се најзагрижувачки, со оглед на тоа
дека за само 9 години на клупата во Барса, Баерн Минхен и Манчестер Сити
искеширал 859 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани