Мурињо предвидува финале Барса-Јувентус, „специјалниот“ објасни која е предноста на овие два клуба

by
1 минути читање

Ждрепката за четвртфиналето
во Лигата на шампионите оваа сезона имаше еден новитет, УЕФА реши да направи измена
и покрај извлечените парови, го одреди и патот до завршницата.

Па Жозе Мурињо
даде свое предвидување за финалето и вели дека во Мадрид ќе има дуел на
Барселона и Јувентус. Португалецот смета дека овие два тима се одвојуваат од
другите поради искуството и талентот, но и поради тоа што во своите редови
имаат специјален играч од типот на Кристијано Роналдо и Лео Меси.

„Јувентус и
Барселона се два големи кандидати во Лигата на шампионите и ќе стигнат до
финалето. Луѓето зборуваат за Роналдо и Меси, но јас преферирам да зборувам за
Јувентус и Барселона. Светот повеќе се фокусира на индивидуалци, но јас секогаш
ќе бидам тренер и фудбалот за мене останува тимски спорт“
– вели Жозе Мурињо за
Франс Прес.

„Клубовите од
Англија, Ајакс и Порто се навистина добри, но „бјанконерите“ и „каталонците“
имаат искуство, талент и специјален играч во свите редови. Нормално, тимовите
кои имаат специјален играч во своите редови, обично се најдобри“
.

Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×