Мурињо поради бизарна причина не се ни обидел да го ангажира Ван Дајк во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Поранешниот шеф
на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо им рекол на челниците на
тимот од „Олд Трафорд“ да не влегуваат во трката за Вирџил ван Дајк, пред
Холанѓанецот да потпише за Ливерпул.

Ван Дајк, кој
веќе ја освои наградата од УЕФА за играч на годината, се најде помеѓу трите
главни номинации за број еден играч на ФИФА, откако одигра клучна улога во големиот
успех на Ливерпул во освоената титула од Лигата на шампионите.

„Индипендент“
пишува дека Мурињо одлучил дека не му е потребен Ван Дајк, а воедно и тоа дека
холандскиот дефанзивец не бил во неговите планови, а наместо тоа, тргнал по
Ерик Баји и Виктор Линделоф, потенцирал дека бил задоволен со тоа што го има.

Само една година
по отказот за Мурињо од клупата на Манчестер јунајтед, Премиерлигашот се засили
со Мегваер кој за рекордни 85 милиони фунти пристигна на „Олд Трафорд“
станувајќи најскапиот дефанзивец во светот, надминувајќи ја сумата која
Ливерпул ја вложи во трансферот на Ван Дајк, кој лани во јануари изнесуваше 75
милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×