Мурињо покажа класа, Португалецот со специјална поддршка за Раниери (ФОТО)

by
1 минути читање

Португалецот откако
утрово испрати силна порака на Инстаграм, попладнево изрази и специјална
поддршка за Клаудио Раниери, кој вчера доби отказ откако пред само девет месеци
на Лестер му донесе титула во Премиерлигата.

Жозе Мурињо на
средбата со новинарите пред финалето во Лига Купот се појави со маица на која
стоеа иницијалите CR на Италијанецот наместо неговите JM.

„Буквите кои ги
носам на маицата се неговите иницијали, на овој начин изразувам почит кон некој
кој ја испиша најубавата историја во Премиерлигата
– рече менаџерот на Манчестер јунајтед.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани