Мурињо: Погба го заболе за критиките!

by
3 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
минатото лето за услугите на Пол Погба платија рекордни 105 милиони евра, а го
направија и еден од играчите со најголеми примања во Премиерлигата.

Па очекувањата се
големи и перформансите на играчот постојано се под лупата на фудбалските
стручњаци и фановите.

Пол Погба не
заблеска по враќата на Олд Трафорд, и по новата лоша партија во понеделникот
против Челси, на негова адреса пристигнаа голем број на критики.

На Жозе Мурињо не
му се допаѓа ова, па менаџерот на Манчестер јунајтед застана во одбрана на својата
ѕвезда и ги нападна критичарите.

„Мислам дека светот
полека ги губи вредностите, ме плаши големата доза на завист
– рече Жозе Мурињо на денешната
прес конференција.

„Не е виновен
Погба што заработува 10 пати повеќе од некои други добри играчи
.

„Тој не е виновен
што некои стручни коментатори се во проблеми па им е потребно секое пени за да
преживеат додека Пол е мулти-милионер
.

„Мислам дека Пол
заслужува почит, мислам дека неговото семејство заслужува почит
.

„Тој потекнува од
нормално работничко семејство, семејство со три машки деца и сигурен сум дека
секој дена на масата им требало голема количина на храна бидејќи сите тројца се
џинови. Па сигурен сум дека нивната мајка и нивниот татко морале да работат
многу, многу напорно долги години за да ги израснат
.

„Јас сум многу
задоволен од Пол а и клубот е задоволен од него. Најдобро во целава ситуација е
тоа што Погба има одличен карактер па го заболе за критиките!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани