Мурињо: Погба е чудовиште

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед со три бода ја почна новата сезона во Премиерлигата откако на Олд Трафорд го совлада Лестер со 2-1. Погба од пенал и Шо ги постигнаа головите.

Пол Погба беше стартер на мечот и еден од клучните играчи на теренот иако во понеделникот се приклучи на тренинзите.

„Погба беше чудовиште. Мислевме дека максимум може да одигра 60 минути, но одигра повеќе од 80“, вели Мурињо.

„Не беше тешка одлуката тој да биде стартер, одлуката ја донесе тој. Андер Ерера беше повреден, па имав само две опции Скот МекТоминеј или Погба“.

„Ако играв со Скот, ќе имавме две деца и еден нов фудбалер (Фред) во средниот ре. Па го прашав Погба и тој му се стави на располагање на тимот и беше многу, многу добар“.

„Играта на Шо беше многу комплетна. Доколку заборавиме на голот кој беше многу важен за нас, неговите перформанси беа одлични“.

„Мислам дека имаше само една дефанзивна грешка, веројатно помошникот требаше да му помогне со тоа што ќе досуди фаул за нас. Но одигра одлично и така треба да продолжи“.

„Неговиот менталитет беше многу добар, тактичката дисциплина исто така одлична. Има сила да оди напред и постигна важен гол за нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×