151
Утре Ливерпул го
пречекува Манчестер јунајтед, па тактиката која ќе ја примени Жозе Мурињо е во
фокусот.
Многумина сметаат
дека „Црвените ѓаволи“ ќе одиграат дефанзивно или подобро кажано, Португалецот
ќе го „паркира автобусот“ на Енфилд.
Менаџерот на
„Црвените ѓаволи“ знаеше какви прашања го чекаат па на денешната средба со
новинарите реши да се игра малку мајтап.
„Ќе играм со еден
дефанзивец и 9 напаѓачи” – рече „Специјалниот“ на прес конференцијата.
„Не грижете се,
ќе играме со нов систем, ќе оставиме еден во одбрана и ќе напаѓаме со деветмина”.