Мурињо по стапките на Роналдо, Португалецот во Шпанија затаил 3.3 милиони евра данок

by
0 минути читање

Жозе Мурињо, исто како и Кристијано Роналдо, се најде во проблеми со даночните власти од Шпанија.

Португалецот е обвинет дека затаил данок во износ од 3.3 милиони евра во 2011 и 2012 година, кога бeше на кормилото на Реал Мадрид.

Слично како и во случајот на Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо е обвинет дека креирал корпоративна структура со која ги прикрил приходите од имиџ правата.

Истрагата на даночните власти се води уште од 2014.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани