„Специјалниот“ преживува голема криза на кормилото на Манчестер јунајтед, по шокантниот пораз на гостувањето кај Брајтон, „Ѓаволите“ вечерва загубија и од Тотенхем.
„Спарси“ со 0-3 славеа на Олд Трафорд и му го нанесоа најтешкиот пораз на Жозе Мурињо на домашен терен.
Португалецот беше умерен во изјавата која ја даде по последниот свиреж на судијата, но пламна на прес конференцијата.
Кога во еден момент новинарите му посочија дека загубил 3-0, тој нервозно покажа три присти и порача: „Дали знаете што значи, 3-0, но исто така значи и три титули во Премиерлигата. Имам освоено три титули во Премиерлигата, повеќе од сите други 19 тренери заедно кои имаат две“.
Мурињо потоа нервозно го напушти пресот, и на заминување додаде: „Треба да покажете поголема почит, почит, почит!“
Mourinho’s press conference following tonight’s defeat. He highlights that he has won 3 Premier League titles and demands respect from the media. pic.twitter.com/oZumfqFTdL
— The Man Utd Way (@TheManUtdWay) August 27, 2018