Контроверзниот Италијанец минатото лето донесе тројца клиенти во редовите на „Црвените ѓаволи“, во Манчестер пристигнаа Златан Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитарјан и Пол Погба.
Ова лето тој му помогна на Жозе Мурињо да го украде Ромелу Лукаку од Антонио Конте, а последните гласини велат дека агентот би можел да однесе уште двајца играчи на Олд Трафорд.
Добро упатени извори од Франција велат дека Мино Рајола се обидува да обезбеди трансфер во Манчестер јунајтед на двајца играчи од ПСЖ.
Се работи за Блес Матуиди и Серж Орие.
Фудбалерот од средниот ред долго време се поврзува со Јувентус, но се верува дека е привлечен од идејата да се испроба во Премиерлигата.
Десниот бек пак ова лето во неколку наврати беше споменат како можна опција за засилување на одбраната на „Црвените ѓаволи“.