Мурињо пак му ги мати плановите на Конте со побогата понуда, Монако трие раце

by
1 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
изминатиов викенд го украдоа Ромелу Лукаку, а Жозе Мурињо сега сака да му
зададе нов удар на својот поранешен клуб.

Челси долго време
е во преговори со Монако за ангажман на Тимуе Бакајоко, се верува дека двата
клуба се имаат договорено за трансфер вреден 35 милиони фунти, но играчот
никако да потпише за „Сините“.

„Специјалниот“
сака да ја искористи ваквата ситуација и одново да му ги помати плановите на
Антонио Конте.

Пред неколку дена се појавија гласини дека Португалецот ќе го украде и Тимуе Бакајоко, а денешното издане на Тајмс пишува дека Манчестер јунајтед вчера стапил во контакт со Монако и го известил
шампион на Франција дека е подготвен да плати повеќе, односно околу 40 милиони
фунти.

Монако сигурно
преферира да го продаде играчот на оној кој ќе понуди најмногу, па сега Тимуе
Бакајоко е тој што ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Тајмс исто така додава
дека трансферот на Тимуе Бакајоко на Стемфорд Бриџ се одолговлекува поради
повреда на коленото и операцијата кој ја направил Французинот минатиот месец.

Тој оваа недела
треба да направи нови детални тестови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани