Мурињо пак ќе ги користи услугите на Рајола за нов мега трансфер

by
1 минути читање

Сер Алекс
Фергусон не сака да го види Мино Рајола поради начинот на кој Пол Погба замина
од Олд Трафорд, но откако Жозе Мурињо го превзеде кормилото на Манчестер
јунајтед, почна да гради шампионски тим со помош на контроверзниот агент.

„Црвените Ѓаволи“
најпрво потпишаа со Златан Ибрахимовиќ, потоа со Хенрих Мхитарјан за на крај
да следува вистинска трансфер бомба и рекордна зделка со која Пол Погба се
врати во Манчестер.

Сега се најавува дека Жозе Мурињо и ова
лето на помош ќе го повика Мино Рајола, овој пат за услугите на Ромелу
Лукаку.

Белгијанецот не
сака да стави потпис на нов договор, па и покрај цврстиот став на управата на
Евертон дека напаѓачот нема да биде продаден, Мино Рајола е експерт за вакви
ситуации и сигурно ќе се погрижи неговиот клиент да го добие она што го сака.

Ромелу Лукаку не
добиваше минутажа под водство на Жозе Мурињо во Челси и поради тоа си замина од
Стемфорд Бриџ. Се верува дека двајцата не се во најдобар однос па ова се посочува како пречка за негов трансфер во Манчестр јунајтед.

Но според
пишуањата на Тајмс, „Специјалниот“ е голем фан на напаѓачот и Португалецот дал
зелено светло за негова продажба само откако Ромелу Лукаку замолил да замине со
цел да игра фудбал и да биде првотимец во друг клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани