Мурињо пак го пецна својот поранешен тим: Дефанзивниот Челси ќе ја освои титулата

by
1 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
попладнево прикажаа одлична партија против Ватфорд и славеа со 2-0 за
продолжување на серијата од 16 натпревари без пораз во Премиерлигата.

„Ни беше потребна
победа
– рече Жозе
Мурињо по крајот на натпреварот.

Серија од 16 средби без пораз е добро
постигнување, но ќе беше перфектно доколку победевме наместо да одиграме реми
на два или три натпревари на домашетен терен
.

Со триумфот над
Ватфорд, Манчестер јунајтед има негатива од 11 бодови во однос на Челси и натпревар повеќе, па
„Специјалниот“ верува дека ова е голема разлика за надополнување.

„Челси е многу
добар дефанзивен тим. Се бранат навистина добро и со многу играчи, па мислам дека
во ваква ситуација, дефанзивниот тим ќе ја освои титулата со голови од контри и
прекини
.

„Не очекувам дека
ќе се „лизнат“, но во фудбалот се може да се случи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани