Мурињо откри уште колку засилувања сака ова лето, но…

by
1 минути читање

„Црвените ѓаволи“
веќе се засилија со Фред, Диого Далот и Ли Грант, но Жозе Мурињо не планира да
застане тука. Во разговор со ЕСПН, „Специјалниот“ потврди дека сака уште две
нови имиња пред да се затвори преодниот рок на 9. април, но е свесен дека можеби нема да ги добие играчите кои ги бара.

„Едно е што сакам
јас, а сосема друго е дали тоа ќе се случи“
– вели тренерот на Манчестер
јунајтед.

Запрашан уште
колку нови имиња сака, Португалецот одговори: „Би сакал уште две“.

Тренерот на
Манчестер јунајтед не сакаше да говори за конкретни фудбалери, но признава дека на ум ина неколку имиња.

Се верува дека
„Специјалниот“ бара уште еден дефанзивец и еден офанзивен фудбалер. Тоби
Алдервирелд од Тотенхем е желбата за засилување на одбраната, но „Спарси“ не
сакаат лесно да се разделат со 29 годишниот Белгијанец. Хари Мегвајер од Лестер
исто така е опција.

Што се однесува
до офанзивата, Герет Бејл од Реал Мадрид е на врвот од листата со желби, но се
чини дека Велшанецот ќе остане на Бернабеу откако Кристијано Роналдо беше
продаден. Вилијан од Челси е алтернатива, но и „Сините“ не продаваат и
веќе одбија над 61 милион евра за Бразилецот од Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×