Мурињо откри кој голман ќе брани на финалето во Лига Европа

by
1 минути читање

Жозе Мурињо ќе го остави Давид Де Геа на клупата за финалето од Лига Европа и ќе му укаже доверба на голманот број два, Серхио Ромеро.

Аргентинецот бранеше на 11 натпревари во најмасовното европско натпреварување оваа сезона, па „Специјалниот“ вели дека е фер тој да биде стартер.

„Нема дилема, нема дилема“ – вели Мурињо.

„Двајцата се фантастични голмани. Никогаш во кариерата не сум видел двајца голмани да бидат такви пријaтели, бидејќи се работи за позиција каде секогаш има ривалство, особено ако двајцата се на слично ниво“.

„Зборуваме за репрезентативци на Аргентина и Шпанија“.

„Мислам дека е фер Серхио да игра во финалето и Давид го прифаќа тоа“.

„Давид веќе играше во Лига Европа, па ако победиме, ќе добие медал бидеќи одигра натпревари против Феенорд и Фенербахче“.

„Ако нема проблеми, Серхио ќе игра во финалето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани