175
На Мурињо му било многу тешко да го прифати поразот на Реал Мадрид од Баерн Минхен во 2012 година
Тогаш под негово водство кралскиот клуб изгуби на Бернабеу на пенали од Баерн и не се пласираше во финалето каде требаше да игра против Челси и да се бори за „Ла Децима“.
„За жал, таков е фудбалот. Кристијано, Кака и Серхио Рамос… три тотални чудовишта во фудбалот, немам сомнеж за тоа, но и тие се луѓе“, вели Мурињо за „Марка“.
„Таа ноќ е единствениот случај во мојата тренерска кариера кога плачев по пораз“.
„Се сеќавам добро… Аитор Каранка и јас застанавме пред мојата куќа, во колата, плачевме…“.
„Беше многу тешко бидејќи бевме најдобриот тим таа сезона“.