Според англиските медиуми, Жозе Мурињо е сериозно заинтересиран за Иван Перишиќ, но во неговиот нотес е запишан и Марсело Брозовиќ.
Португалецот беше на трибините на синоќешниот натпревар помеѓу Хрватска и Украина, но можеше да го види само Брозовиќ, Перишиќ не настапи поради суспензија.
Се верува дека Мурињо во Хрватска бил да го договори трансферот на Перишиќ, таму бил и агентот на фудбалерот, но Интер нема да се откаже лесно од својот играч.
Манчестер јунајтед доставиле понуда од 40 милиони евра, но според италијанскиот „Кориере дело Спорт“, Интер нема да го продаде Перишиќ за помалку од 60 милиони евра.
И Ливерпул и Челси се во трка за Перишиќ, но се верува дека Манчестер јунајтед е во пол позиција за неговиот потпис, сепак за да го купат треба да достават понуда во висина од бараната сума на Интер.