154
Мурињо имал понуди од Милан, Монако, Шалке, Волфсбург и Лил, но Португалецот им кажал не на сите.
Најверојатно Мурињо смета дека овие клубови не можат да му го дадат тоа што го бара, не можат да бидат конкурентни за нејголемите титули.
Се верува дека Португалецот е најголемиот фаворит за наследник на Зинедин Зидан доколку Французинот добие отказ.
Реал Мадрид не ја почна најдобро сезоната, но во последните два натпревари победи без притоа противникот да шутне во рамките на голот.
Ако Реал Мадрид продолжи да победува, Жозе Мурињо ќе продолжи да чека за да се врати на работа, но ако Реал Мадрид губи бодови вратата на Сантијаго Бернабеу за Португалецот ќе се отвори.