Португалецот и
Французинот оваа недела беа во центарот на вниманието откако пред мечот со Дерби
во Лига купот проструи вест дека Пол Погба останал без капитенската лента,
одлука која Жозе Мурињо ја потврди по елиминацијата на пенали од второлигашот.
Следниот ден
двајцата одново беа во фокусот откако камерите на Скај Спортс уловија тензичен
момент на тренингот и расправија помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба.
Изминативе денови
имаше голем број на шпекулации, за тоа дека еден од двајцата сигурно ќе мора да
го напушти клубот, и како тоа Пол Погба е подготвен да оди до крај и да одбие
да игра доколку Жозе Мурињо продолжи да го критикува и притиска.
Сега дури се
појавија и стории дека Жозе Мурињо е „кртот“ од соблекувалната кој на медиумите
им открива што се случува. Наводно тој ја пуштил веста дека Пол Погба никогаш
нема повеќе да биде капитен, а и му направил „местенка“ на Французинот и го оркестрирал
снимањето на тренинг сесијата на која настана расправијата.
Португалецот
наводно сето ова го прави за да добие превласт во војната со Пол Погба, кој е
прва ѕвезда на тимот и најскапо засилување во историјата на Манчестер јунајтед.