Мурињо објаснува зошто не сметал на Мата во Челси, и зошто сега е еден од главните играчи на Јунајтед

by
1 минути читање

Откако Мурињо по втор пат дојде во Челси, не помина многу Мата си замина поради малата минутажа која ја добиваше и се пресели во Манчестер јунајтед. Судбината сакаше Португалецот да седне на клупата на Олд Трафорд, па многумина мислеа дека Мата повторно ќе мора да си бара нов клуб.

Но не беше така, Мата сега е еден од главните играчи на Манчестер јунајтед, а Жозе Мурињо ја објаснува целата ситуација.

„Кога дојдов тука многу луѓе мислеа дека Мата е во неволја, но никогаш не беше така“ – вели Мурињо.

„Со Челси играв еден начин на фудбал, со Манчестер јунајтед сакам да играм друг начин на фудбал“.

„Мата се адаптираше на фудбалот кој сакам да го играм. Уште од почетокот знаев дека тој ќе биде важен играч за мене“.

„Мислам дека тој ја чувствува таа доверба во мене, среќен е. Среќен е на теренот и тоа можете да го видите од начинот на кој игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани