Еден од изнанадувачките трансфери ова лето беше и оној на Лукаку, кога сите очекуваа тој да се пресели во Челси, Манчестер јунајтед ја доби битката и го доби белгискиот напаѓач.
„Беше тешко да се купи. Тој е од Премиерлигата. Јасно е дека има и други одлични напаѓачи во фудбалот, но Премиерлигата е посебно натпреварување. Тешко е за напаѓачите и обично им треба време да се адаптираат, но Лукаку веќе пет години игра во Премиерлигата“ – вели Мурињо.
„Сега доаѓа во клуб со други одговорности во вистински момент од кариерата. Млад е но има години на искуство во Премиерлигата и белгиската репрезентација. Ќе игра и во Лигата на шампионите што е негова главна мотивација“.
„Ромелу не е фудбалер кој многу партиципира во градењето на акциите. Тој нормално игра во последната третина од теренот. Минатата сезона имавме многу противници кои одлучуваа само да се бранат затворајќи го просторот, играјќи со многу дефанзивци и дефанзивни играчи од средниот ред“.
„Ни беше потребен човек на кој можеш да му нафрлиш, а такви не се Марсијал или Рашфорд. Имаме добри опции, добри фудбалери, но човек на кој можеш да му нафрлиш, чиста деветка, некој кој може комфорно да игра во шеснаесетникот, мислевме дека тоа е Ромелу“.