Мурињо објаснува како Манчестер јунајтед заштедил 50 милиони фунти на Лукаку

by
2 минути читање

Во последните
години за трансфери на играчи се плаќаат луди суми а врвот беше достигнат
изминатиов преоден рок кога ПСЖ плати 222 милиони евра за ангажман на Нејмар.

Жозе Мурињо сега
вели дека тој и Манчестер јунајтед очекувале нешто вакво да се случи, па решиле
порано да ги донесат засилувањата.

„Мислам дека бевме
прилично итри
– вели Португалецот
во разговор со Тајмс. „Вообичано, последниот дел од преодниот рок е поефтин, но
оваа сезона, по трансферот на Нејмар, се се промени, и кога се во прашање цените,
тие се променија на полошо
.

„Мислам дека
Лукаку на 31. август ќе вредеше 150 милиони фунти. Матиќ ќе беше помеѓу 60 и 70
милиони фунти. Нејмар промени се
.

„Доколку
најголемиот трансфер во историјата останеше оној на Пол Погба, мислам дека
Филипе Кутињо сега ќе беше играч на Барселона за 101 милион фунти
.

„Сега сите за
репер ја земаат сумата од 200 милиони фунти. Сега играчите кои беа 20 станаа 40
милиони фунти, оние кои беа 40 станаа 60 милиони фунти
.

„Па поради тоа
што ние ги направивме зделките во првиот дел од летото, плативме помалку
.

Ромелу Лукаку на
Олд Трафорд се пресели за 75 милиони фунти, плус уште додатни 15 милиони во
бонуси, а „Црвените Ѓаволи“ му дозволија на Вејн Руни, кој се проценува на
околу 10 милиони фунти, за без пари да се врати на Гудисон Парк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани