Мурињо објасни зошто платил толку многу за Лукаку

by
2 минути читање

„Специјалниот“
ова лето беше во потрага на нов голгетер и прва цел му беше Алваро Мората од
Реал Мадрид.

Но откако
„Црвените Ѓаволи“ не можеа да пронајдат заеднички јазик со шампионот на
Шпанија, се насочија кон други цели и го украдоа Ромелу Лукаку од Челси.

„Сините“ долго
време беа во преговори со Евертон, но Манчестер јунајтед за кратко време си
подаде рака со „Карамелите“.

Тие платија 75
милиони фунти, плус уште додатни 15 милиони во лесно остварливи бонуси, а му
дозволија и на Вејн Руни како слободен играч да се пресели на Гудисон Парк, па
кога ќе се земат сите овие работи во предвид, се стигнува до бројката од 100
милиони фунти.

Жозе Мурињо сега
објасни зошто платиле толку многу.

„Потрошивме многу
за ангажман на напаѓач, бидејќи кога се во прашање голгетерите, или ќе платите
многу или ќе останете со празни раце“
– вели Португалецот.

„Плативме многу
поради она што му се случи на Златан и не можеме да си дозволиме да останеме без
важен, силен напаѓач во првите шест месеци од сезоната“.

Со ваквите
зборови, „Специјалниот“ исто така сугерираше и дека Златан Ибрахимовиќ би можел да
потпише со Манчестер јунајтед и да се врати во тимот на стартот од следната
година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани