111
Двајцата менаџери
одново требаше да бидат разделени од четвртиот судија откако имаа нов судир
крај аут линијата во вчерашната победа на Челси од 1-0 над Манчестер јунајтед во
ФА Купот.
По последниот
свиреж на судијата, Жозе Мурињо не се ракуваше со Антонио Конте, па Португалецот објасни зошто не го сторил тоа.
„Не се ракувавме
бидејќи моите играчи заслужија веднаш да добијат признание од мене, а и нашите
фанови заслужија да добијат едно благодарам од нас” – вели Португалецот.
„Можам да ви
ветам дека ако го видам во подтрибинскиот простор ќе се ракувам со него”.
„Нема ништо да му
кажам, но ќе се ракуваме”.