Мурињо: Ниту еден од моите офанзивни фудбалери не заслужува да биде на клупа

by
1 минути читање

Во средата на меч од Лига Купот, Манчестер јунајтед победи со 4-1, Мурињо им даде одмор на Лукаку и Мхитарјан, а во листата на стрелци се запишаа Рашфорд, Марсијал и Лингард.

„Кога го гледам натпреварот во средата, офанзивните играчи, Марсијал, Рашфорд, Мата, Лингард, кој од нив треба да седи на клупата? Никој“ – вели Мурињо.

„Никој не заслужува да биде на клупата. Но тие се четворица, плус Лукаку и Мхитарјан вкупно шест. Не можам да играм со шест“.

Мурињо беше запрашан дали може Рашфорд, Марсијал и Лукаку да играат.

„Да, секако. И тогаш ќе ги оставам Мата и Марсијал на клупата и вие ќе прашате зошто?“.

Наскоро треба да се врати и Златан Ибрахимовиќ, па конкуренцијата во нападот на Манчестер јунајтед ќе биде уште поголема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани