Мурињо никогаш не губи на „Боксинг деј“, Тотнем со пресврт го победи Брајтон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо досега нема загубено меч на „Боксинг деј“. Во осум натпревари од Премиерлигата на овој ден има остварено шест победи, две средби завршиле нерешенo. 

Брајтон му пружи силен отпор на Тотнем кој одигра слабо прво полувреме, но одлично второ во кое дојде до победата.

Тотнем прв ја тресеше мрежата на противникот, но рамото на Хари Кејн беше во офсајд, па ВАР го поништи неговиот гол.

Во 37. минута водство за Брајтон, Вебстер постигна гол за 0-1.

Во второто полувреме видовме еден сосема поинаков Тотнем, играчите на Мурињо беа поагресивни и со сите сили нападнаа да го променат резултатот.

По осум минути игра Хари Кејн од втор обид постигна гол за израмнување на 1-1. За Хари Кејн ова беше осмиот гол на „Боксинг деј“ во пет настапи на овој ден.

Во 72. минута одлична акција на домаќините, Ериксен убаво го проигра Орие кој додаде до Деле Али а тој постигна прекрасен гол за водство од 2-1. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×