Мурињо: Немам добро чувство за повредата на Ибрахимовиќ

by
1 минути читање

Рохо излезе уште во првото време на носилки, а Ибрахимовиќ на почетокот од судиското продолжение го повреди коленото и тој мораже пред време да го заврши натпреварот со Андерлехт.

Се стравува дека сезоната за Ибрахимовиќ е завршена и тој има повреда на лигаментите на коленото, но во текот на денот ќе има точни информации откако ќе бидат завршени сите прегледи.

„Сакам да ги почекам прегледите, но моето чувство не е добро ниту за двајцата. Се обидувам да бидам оптимист, но не сум“ – вели Мурињо.

Златан Ибрахимовиќ е убедливо најдобриот стрелец на Манчестер јунајтед и ќе биде голем хендикеп доколку не може да ја продолжи сезоната.

Повредата на Маркос Рохо е уште еден удар за дефанзивата на Манчестер јунајтед каде веќе се повредени Фил Џонс и Крис Смолинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани