127
Погба синоќа ја доби капитенската лента, но по само 19 минути игра мораше да го напушти теренот поради повреда.
Се работи за повреда на тетивата поради која Погба ќе биде надвор од теренот во наредните неколку недели, најмногу еден месец.
„Не знам каква е повредата, од искуство знам дека е повреда на мускулот. Повреда на тетивата и неколку недели ќе треба да бидеме без Погба мислам“ – вели Мурињо.
„Но составот е правен за вакви ситуации, за повреди и за суспензии. Нема да плачеме поради повредите. Доколку Погба не игра во недела, го имаме Ерера, Карик, Фелаини, Матиќ“.