„Црвените Ѓаволи“
до овој момент потрошија речиси 150 милиони фунти за ангажман на Виктор
Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ.
На првичната
листа со желби на Жозе Мурињо имаше четири засилувања, но во последно време се
говори дека Португалецот бара уште двајца играчи.
Иван Перишиќ и Герет Бејл се споменуваат како опции за офанзивната линија, а
Серж Орие и Дени Роуз за бековските позиции.
„Ја разбирам
реалноста на трансфер пазарот, и тоа што клубот исполни 75% од она што го
побарав во прв момент е сосема добро” – рече Жозе Муроњо на денешната прес конференција пред
стартот на новата сезона.
„Мислам дека не
сум во позиција да офкам, плачам, оспорувам или да велам дека не сум среќен”.
„Среќен сум со
напорот кој го вложи клубот и што успеа да заврши 75% од работата пред стартот
на Премиерлигата, и доколку до 31. август не бидат реализирани преостантите
25%, нема да офкам и плачам и само ќе го дадам максимумот за да победиме на
секој натпревар”.
„Ни останаа 25%,
што значи еден од четворица. Донесовме централен дефанзивец кој може да игра на
неколку позиции. Виктор може да игра и како десен бек и во средниот ред”.
„Донесовме
фудбалер од средниот ред и напаѓач, и очигледно треба да донесеме уште еден за
страничните позиции”.
„Но имаме играчи
на располагање и доколку не можеме да го засилиме тимот, иамме луѓе на кои
можеме да се наслониме и да им веруваме”.