Во сите клубови во кои работел, Жозе Мурињо ја освојувал домашната шампионска титула во втората сезона. Освојувал и во првата сезона и во третата, но во втората секогаш.
Мурињо сега со Манчестер јунајтед ја има втората сезона и одлично стартуваше, па повторно се актуелизираа муабетите за втората сезона на Португалецот.
„Не знам зошто луѓето зборуваат за втората сезона бидејќи јас имам освојувано титули и во првата и во третата сезона. Навистина не разбирам“ – вели Мурињо.
„Мислам дека втората сезона е добра сезона за еволуција после првата бидејќи во првата сезона доаѓате и понекогаш, како во мојот случај, немате влијание ниту во организација на подготовките бидејќи тие веќе се организирани“.
„Кога доаѓам, во првата сезона веќе се направени некои инвестиции во купување на фудбалери, менување на составот, продажба на фудбалери, нешто што веројатно вие поинаку би го направиле. Сигурно би оставил некои од фудбалерите кои биле продадени и не би купил некои од тие што биле купени“.
„Во втората сезона веќе го имате тоа влијание. Имате подобри услови за работа и за остварување на резултати. Но играте против други тимови кои имаат менаџери со втора, трета, четврта или петта сезона во тимот. Па втората сезона не мора да значи дека е предност“.