160
Во воведниот натпревар од 8. коло во Премиерлигата, Ливерпул го пречекува Манчестер јунајтед на Енфилд, стадион каде Жозе Мурињо има загубено само еднаш во Премиерлигата, но нема убави спомени од Лигата на шампионите.
„Имам победено големи натпрeвари на Енфилд, имам и загубено големи натпревари на Енфилд. Сум си заминал од стадионот среќен, сум заминал и тажен“ – вели Португалецот.
„Навивачите го напуштиле стадионот среќни поради пласман во финале од Лигата на шампионите, но си заминали и шокирани поради тоа што останале без титулата речиси во последното коло“.
„Таков е фудбалот, тоа е убавината на оваа игра. Обожавам да играм тука“.