Мурињо: Не сме подготвени да бидеме Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Со заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед има пат. Во трите сезони без него тимот финишираше на седмото, четвртото и петтото место на табелата. Во моментов со Жозе Мурињо се шестти.

Мурињо не верува дека овој тим на Манчестер јунајтед е блиску до доминација во Премиерлигата, но не сака оваа сезона да биде препознатлива само по освоениот Лига Куп.

„Не сме подготвени да бидеме Манчестер јунајтед“ – вели Мурињо.

„Не сме подготвени да бидеме доминантна сила. Не сме подготвени да се обидеме и да освоиме се“.

„Поради природата на клубот и мојата природа, подготвени сме да се бориме на секој натпревар, за секој бод. Но има разлика помеѓу генералните амбиции на вака голем клуб и нашата реалност“.

„Многу од тимовите во Англија ќе ја завршат сезоната без освоен трофеј. Но ние треба да се бориме за влез во топ четири, треба да се бориме за Лигата на шампионите. Трофејот кој го освоивме не е доволен да кажеме дека сезоната е завршена за нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани