Мурињо: Не можете да предводите тим кој има тренер

by
1 минути читање

Веќе на големо се
шпекулира околу иднината на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, се чини
дека чашата се прели по убедливиот пораз кај ПСЖ на стартот од новата сезона во
Лигата на шампионите, дополнително „Кралевите“ немаа ниту еден шут во рамките
на голот на противникот на таа пресметка.

Во Шпанија веќе
пишуваат за можните наследници на Зидан, а секако еден од нив е поранешниот шеф
на стручниот штаб на „Кралевите“, Жозе Мурињо, тој се одзва на тие шпекулации,
во нему сопствен стил.

Не можете да предводите
тим кој веќе има тренер
“ рече Мурињо во изјавата за „Депортес Кватро“.

Не би сакал да
го тренирам Реал Мадрид бидејќи тие веќе имаат тренер, тоа е тоа
“ додаде
Португалецот кој од декември е без ангажман откако си замина од Манчестер
јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×